Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

УЛОГАТА НА ДИПЛОМАТИЈАТА ВО ЗАЧЛЕНУВАЊЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

2. прашањето за односот и соработката со македонските национални и јазични малцинства, како во соседството така и во дијаспората (како на пример, проблемите кои ги имаат Македонците во Егејска Македонија - Грција и Македонците во Пиринска Македонија - Бугарија).

ПАТОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА КОН ЕВРОПСКАТА УНИЈА
Една од стратегиските цели на нашата држава е полноправното членство во ЕУ.
Полноправното членство на Република Македонија во Европската унија треба да продуцира стабилност, мир, економски просперитет, демократски развој итн. Цврстата определба за ЕУ, граѓаните, државните институции итн., ја преточија во неколку документи, и во таа насока македонската дипломатија презеде неколку практични чекори:
1. во 1995 година Република Македонија воспостави дипломатски односи со ЕУ;
2. во 1996 година станавме членка на програмата ФАРЕ;
3. на почетокот на 1998 година Парламентот на РМ донесе Декларација за развој на односите со ЕУ, понатаму донесена е Декларација за Интегрирање во ЕУ од страна на сите политички партии во државата што е одраз на општиот консензус и цврстата определба за интегрирање во ЕУ;
4. на 29 Април 1997 година Владата на РМ потпиша спогодба за соработка со ЕУ која стапи во сила на 1 јануари 1998 година;
5. по барање на ЕУ на 10. 6.1999 година во Келн беше усвоен Пактот за Стабилност;26
6. на 9 април 2001 година Р. Македонија и официјално стана првата земја во регионот што ја потпиша Спогодбата со ЕУ во Луксембург, која во перспектива треба
да овозможи полноправно членство во Унијата;
7. на 23 февруари 2004 г. Советот на министри во Брисел ја ратификува Спогодбата за стабилизација и асоцијација, откако 15 држави - членки на ЕУ го одобрија
стапувањето во сила. Спогодбата за стабилизација и асоцијација е полноважна од 1 април 2004 г. со што Република Македонија стана придружна членка на ЕУ;


26 Целта на Пактот за стабилност е да им овозможи на државите да постигнат траен мир во регионот, а со тоа и започнување на голем број структурни реформи почнувајќи од демократско-политичките процеси кои се базирани на повеќепартискиот систем и слободните и непосредни избори, потоа слободата на пазарот и претприемништвото како основа за економското уредување на земјата, почитување на основните права и слободи на човекот и граѓанинот, слободно изразување на националната припадност, подеднаков третман на сите видови сопственост, независно судство, независни медиуми, градење меѓусебна доверба на земјите во регионот итн.



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems