Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

ТЕРОРИЗМОТ НА ПОЧЕТОКОТ НА XXI ВЕК

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

327.28(100)„20“
ТЕРОРИЗМОТ НА ПОЧЕТОКОТ НА XXI ВЕК
М-р Гордана Јанкулоска
Министер за внатрешни работи на Република Македонија

Почитувани,
Дозволете ми на самиот почеток од ова предавање, најпрво, да ја искажам благодарноста за поканата, но и честа што ми е укажана - да говорам пред овој, за мене лично, значаен аудиториум на идни академски граѓани. Темата заради која денес сме тука, бездруго, претставува една од, во глобални рамки, прилично експлоатираните предмети на јавна и институционална дебата, на теоретско и практично опсервирање, особено последниве две децении.
Имено, феноменот на тероризмот се наметна во фокусот на интересирање како на поширокота јавност, така и на самите општества и општествени системи првенствено поради неколку битни причини:
- на прво место тука е своевидното глобално етаблирање на тероризмот како „средство“ во намерите за остварување на наводните - најчесто политички, етнички, или религиозни права;
- второ, поради неспорниот факт дека насилството како ексклузивен инструмент на тероризмот, со своите уништувачки капацитети воспостави далеку пошироки граници на дејствување и следствено на тоа станаа далеку позастрашувачки ефектите од неговата употреба;
- трето, и не помалку важно – таргетот кон кој се насочува тероризмот за да стигне до своите вистински цели е проширен, односно, така да речам, бива „дефокусиран“ од порано вообичаените мети – институции, политички личности и слично. Сега, тероризмот првенствено е насочен кон граѓанството, односно тие не се веќе само колатерална штета туку и директна жртва;
- и конечно, четврто - самото терористичко организирање на оперативно, тактичко и стратешко рамниште евидентно се надгради, па денес општествата, односно
меѓународната заедница немаат работа со, ајде така да ги наречеме - идеолошки десперадоси, туку со одлично организационо, финансиски и технолошки подготвени групи во чијашто мрежа, како дополнителна компликација, се испреплетуваат и интереси на други групи, организации, па ако сакате и на држави, коишто неретко можат тероризмот да го користат како параван зад кој тие ги туркаат своите интереси.
Се разбира, овие неколку компоненти не мора да бидат третирани по поставениот редослед, ниту пак грубо дефинирани на нотираниот начин, особено што се



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems