Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

ТЕРОРИЗМОТ НА ПОЧЕТОКОТ НА XXI ВЕК

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

презентирани од аспект на практичното, а не теоретското согледување на феноменот на тероризмот, сега на почетокот на 21–от век. Впрочем, денес во науката, постојат мноштво дефиниции на тероризмот, но како за ниедна друга област тие без оглед на различитоста сепак се и подеднакво теоретски коректни во својата суштина, а тоа е:
насилството како акт и средство, а жртвите и штетите како ефект на притисок за остварување на посакуваните цели.
Значи, кога говориме за феноменот на тероризмот, во оваа ера на глобализација и силни општествено-интегративни процеси, мораме да ги имаме предвид базичните премиси што предмалку ги посочив.
На историската сцена во општествениот и цивилизациски развој на човештвото, биполарниот свет и „студената војна“ кои ги дефинираа глобалните, па и регионалните односи во поголемиот дел од втората половина на минатиот век сега веќе неповратно се минато. Исто како што стана минато оној специфичен претежно „левичарски“ детерминиран облик на тероризам својствен за тој период. Притоа, сакам да напоменам дека глобализацијата никако не треба да се гледа како „замена“ за биполаризмот, туку пред сè како своевиден транзициски процес во рекомпонирањето на меѓународните односи и стандарди.
Во таквиот вакуум, и тероризмот како појава претрпе свое фундаментално преструктуирање прераснувајќи од реалтивно ограничен акт на дејствување во акт на закана насочен кон она што денес го нарекуваме колективна безбедност. Сакам да кажам дека глобализацијата напоредно со неспорните предности, донесе и закани, причинети првенствено од продлабочувањето на јазот помеѓу сиромашните и богатите, а проследено и со интернационализација на низа опасности, од кои најекстремни се меѓународниот тероризам и организираниот криминал. Покрај нив, во експанзија се и илегалната миграција и илегалната трговија со дрога, оружје, луѓе и со стратегиски материјали. Исто така, зголемена е и опасноста од употреба на оружје за масовно уништување кое го поседуваат и земји со недемократски режими. Сето ова, мора да биде вкалкулирано доколку се сака оспежно и суштинско опсервирање на денешното манифестирање на тероризмот.
Всушност, нема да биде претерување ако кажеме дека тероризмот во моментов претставува еден од најголемите антагонизми во процесот на глобалистичката општествено-цивилизациска транзиција. Погоре нотираните трендови дополнително му овозможија на тероризмот максимално да се интернационализира и практично да се инфилтрира како противник секаде и на секое место. Така што денес ниту една држава не може да биде имуна од заканите на терористичкото дејствување, вклучително и нашата.



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems