Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

ТЕРОРИЗМОТ НА ПОЧЕТОКОТ НА XXI ВЕК

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

Имено, напоредно со фактичките последици – загрозување или уништување на човечки животи, тероризмот предизвикува објективни кризни состојби и во вистински смисол на зборот претставува опасност по мирот и територијалниот интегритет на државите кои се изложени на неговото дејствување.
Ова оттаму што актите на тероризам вперени против државите всушност честопати се експлицитен повод за засилување или продлабочување на внатрешните
политички, верски или други поделби, со паралелни, исто такви рефлексии и во рамки на меѓународната заедница.
Во тој смисол сакам уште еднаш да потенцирам дека темпото на - условно кажано - развојот на тероризмот, е исклучително брзо како по формата така и по неговата содржина, типови или облици на органзирање, опременост и дејствување.
Говорејќи од безбедносен аспект, согледувањата и анализите покажуваат дека терористичките групи денес сè повеќе ги карактеризира факторот на изненадување, особено по примарната цел – државата или системот на истата. Дополнителниот елемент што ја усложнува состојбата во контекст на безбедноста е што предмалку споменатата интернационализација на тероризмот овозможува и негова соодветна динамичност и прилагодливост не само кон и во различните држави и околности, туку и во поглед на самото спроведување на терористичките акти.
Ова, пак, нè доведува до новиот детектиран атрибут на денешниот тероризам – а тоа е масовноста на целите на напад пред сè меѓу цивилното население, што ги мултиплицира, како ефект, чувствата на несигурност, загрозеност, страв, деморализираност, колебливост и слично.
Изложени на ваквите сериозни предизвици кои ги наметнува феноменот на тероризмот сведоци сме дека државите, на национално, но и на меѓународно рамниште, во изминатите години беа соочени со потребата за адекватен одговор кон тие закани.
Морам да забележам, всушност, дека меѓународната заедница по падот на Берлинскиот ѕид, со што беше окончана ерата на „студената војна“ и „биполарниот свет“, интензивно отпочна со редифинирање и конципирање на едни поинакви стандарди, како во нормативен, така и во секој друг општествен поглед, а во функција на што поуспешно спротивставување на тероризмот. Тие напори по познатите настани од 11 септември 2001-та година, сосема разбирливо, добија уште поголем интензитет. Притоа, во основата на сите меѓународно промовирани и верификувани документи јасно е зацртано дека е невозможно спротивставување и борба против тероризмот без истовремено почитување на меѓународните принципи на заштита на човековите права.
Односно, дека борбата против тероризмот не смее да биде на сметка на намалување или укинување на тие вредности и слободи кон коишто реално се насочени



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems