Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

ТЕРОРИЗМОТ НА ПОЧЕТОКОТ НА XXI ВЕК

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

терористичките акти. Врз основа на таквиот фундамент се креираат и националните и меѓународните безбедносни стратегии.
Мора да се признае дека димензијата на глобалната безбедност како никогаш порано, во актуелниот момент, со право е високо позиционирана во рамките на меѓународните односи.
Република Македонија, пак, зазема свое значајно место, не само поради тоа што ние ги имаме ратификувано сите битни меѓународно донесени норми од посочената проблематика, туку и поради ноторниот факт што ние со години наназад сме активни и ефективни партиципиенти во сите важни меѓународни активности на тој план.
Почнувајќи од нашето конкретно учество во мисиите во Ирак и Авганистан, па преку мноштвото активности во сите релевантни меѓународни организации и институции во сферата на безбедноста.
Ова не случајно го споменувам, пред конкретно да се осврнам на прашањето околу третманот на тероризмот од внатрешен аспект, затоа што унапредувањето на
формите и методите на соработка меѓу државите независно дали на билатерално, мултилатерално, или меѓународно институционално рамниште, прерасна во императив, а сè со цел навремено спротивставување и уништување на какви било појавни облици на тероризмот.
Република Македонија тој тренд го препозна, и тоа стана една од клучните карактеристики во нашето надворешнополитичко дејствување. Дотолку повеќе што
реалноста јасно покажа дека денес ниту една земја не може да се чувствува безбедна или заобиколена од потенцијалните ризици на терористичкото дејствување. Токму затоа е важен меѓународниот, особено превентивен настап во системот на колективна безбедност во којшто, како што реков, Република Македонија, иако мала земја, има свое бележито место.
Иако безбедноста во терминолошки и практичен смисол денес опфаќа прилично широк корпус на сегменти, како што е на пример, економската безбедност или безбедноста на животната средина и слично, кои се составни ставки на генералните концепти за национална или меѓународна безбедност, сепак и натаму главен чинител во борбата против тероризмот како една од најопасните закани врз безбедноста, остануваат, така да ги наречам, класичните безбедносни институции, како што впрочем е ресорот за внатрешни работи. Исто како што, без оглед на сè подинамичното меѓународно организирање и настапување, националната безбедност останува сè уште главната константа во борбата против сите закани, вклучително и тероризмот.
Во таа насока, а тргнувајќи од позицијата на министер за внатрешни работи, дозволете ми да акцентирам некои важни елементи во контекст на нашата  национална



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems