Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

ТЕРОРИЗМОТ НА ПОЧЕТОКОТ НА XXI ВЕК

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

безбедност. Имено, Република Македонија од поодамна, не само во рамки на нашето активно учеството во меѓународните односи, како и нормативното верификување и имплементирање на меѓународните легислативни стандарди од оваа област на безбедноста, туку и на внатрешен план презеде низа структурни реформи заради наше системско и институционално прилагодување кон потребите, капацитетите и интересите за зачувување и заштита на националната безбедност од предизвиците на тероризмот.
Врз основа на Националната концепција за одбрана и безбедност, Владата на Република Македонија изготви и Национална стратегија на Република Македонија за борба против тероризмот 2011-2015 година, како документ во којшто се дадени јасни насоки за натамошно институционално организирање и дејствување, при што прецизно се дефинирани, како целите, така и облиците на терористички закани, мерките за сузбивање на тероризмот, материјалните ресурси, носителите на стратегијата и динамиката за нејзино имплементирање.
Притоа, во Националната стратегија недвосмислено се акцентира дека Република Македонија ја демонстрира својата цврста определба за борба против тероризмот на национално, регионално и глобално ниво за заштита на демократските вредности утврдени со Уставот на РМ, овозможувајќи им на своите граѓани да живеат во слободна, безбедна и правна држава. Се разбира, фокусот на севкупното делување треба да биде свртен кон превентивните активности за елеминирање на сите потенцијални опасности од појава на тероризмот и натамошна ескалација на последиците од истиот. Впрочем, не попусто е назначено во Стратегијата дека дејствијата на тероризмот се казниви и не се оправдани под никакви околности, или како што предвидува и нашиот Кривичен законик, делата поврзани со тероризмот се дела против државата, односно против граѓаните како конституенти на таа држава.
Националната стратегија, тргнувајќи од факторите клучни за севкупното општествено функцинирање, ги индентификува облиците, но и можностите на манифестирање на терористичките закани. Притоа, таксативно посочувајќи ги:
радикализацијата, регрутирањето и поттикнувањето на активностите кои се во функција на тероризмот; идеолошката и воената обука; потоа финансирањето на тероризмот, и реализацијата на терористичките закани – како облици на терористичка закана.
Стратегијата го нотира и нивното манифестирање како: напад на објекти и лица од национален интерес; напад со предизвикување голем број жртви; напад на
институции и објекти од значење за одбраната, безбедноста, политичките и економски интереси на државата, со што би се предизвикало ширење страв и несигурност меѓу населението.



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems