Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

ТЕРОРИЗМОТ НА ПОЧЕТОКОТ НА XXI ВЕК

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

Практично, може да се забележи дека при детерминирањето на овој сегмент од Националната стратегија за борба против тероризмот водена е сметка како за
опфатноста, така и за неговата комплементарност со актуелните меѓународни принципи.
Ова дотолку повеќе што Република Македонија како земја кандидат за членство во ЕУ и НАТО, и уште поважно - суштински многу конкретен партнер во НАТО, дури повеќе и од многу земји членки на оваа евро-атланска организација, практично го сноси ризикот за потенцијален таргет на евентуални терористички акти.
Токму заради тоа, Националната стретигија многу подетално ги насочува активностите во делот посветен на „мерките за сузбивање на тероризмот“ делејќи ги на
неколку нивоа: превенција; одбрана; заштита на граѓаните и имотот; процесуирање и координација.
1. Под превенција подразбираме создавање политички, општествени и економски услови кои ќе го попречат ширењето на тероризмот во сите негови појавни
облици. Поконкретно, превенцијата опфаќа анализа на ризик со систем на ранопредупредување, оневозможување на пропаганда и поттикнување на тероризам, препознавање и сузбивање радикализам и екстремизам кои може да прераснат во тероризам, прекинување на изворите за финансирање на тероризмот, како и техничко-информатичка, но и професионална надградба на релевантните институции.
2. Одбраната од тероризмот подразбира преземање мерки и активности насочени против создавање, ширење и делување на терористички структури, мрежи и
организаици, а воедно навремено откривање на плановите, подготовките, организирањето или спроведувањето активности со карактеристики на тероризам на територијата на Република Македонија. Оттаму, во делот на одбраната спаѓа оневозможување на организациски и логистички активности со терористички цели, спречување терористичка идеолошка и воена обука, зголемена контрола на транзит на лица поврзани со тероризам, илегална трговија со оружје, експлозив и други средства наменети за потенцијални терористички активности, идентификување лица кои престојувале во кризни подрачја и се стекнале со терористичка обука, како и спречување на транзит и користење средства за масовно уништување и средства со двојна намена.
3. Заштитата на граѓаните и имотот подразбира намалување на опасноста од напад вклучувајќи го подобрувањето на безбедноста на границите, сообраќајната инфраструктура и објектите од витално значење. Стратегијата тоа го предвидува преку преземање засилени безбедносни мерки, соодветно информирање и зајакнување на контролата на сите чувствителни точки.



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems