Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

ТЕРОРИЗМОТ НА ПОЧЕТОКОТ НА XXI ВЕК

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

4. Што се однесува до процесуирањето, истото претставува спроведување казнени мерки за прогон на лица и организации поврзани преку тероризмот. Покрај
соодветните истраги и усогласувањето на регулативата, во овие мерки исклучително важно е замрзнувањето и одземањето финансии и имот на физички и правни лица поврзани со тероризам.
Од суштинско значење е што во тој дел од документот се инсистира на континуиран институционален ангажман притоа проследен со соодветно, исто така постојано и динамично надградување –техничко, кадровско, организационо, нормативно - на институциите задолжени за справување со тероризмот за да можат соодветно да одговорат на заканите што тероризмот ги носи.
Секако, што е и разбирливо, носечките институции во имплементацијата на Националната стратегија на чело со Министерството за внатрешни работи се: Управата
за безбедност и контраразузнавање при МВР, Агенцијата за разузнавање и Секторот за воена безбедност и разузнавање при Министерството за одбрана коишто ја чинат сржта на заедничкото работно тело во координирање на активностите за доследно реализирање на овој стратешки документ.
Во Националната стратегија согласно најдобрите практики е опфатено и менаџирањето на последиците од терористички напад кое се дифинира како одговор и
подготвеност на сите безбедносни и други институции во Република Македонија за навремено преземање на сите потребни мерки со цел намалување и санирање на последиците од терористички напад. Тоа подразбира идентификување на цивилните и воените ресурси за координиран одговор во случај на напад, механизми за заштита и спасување и зајакнување на регионалната и мултилатералната соработка за навремена реакција и помош при терористички напад.
Во изминативе години Владата на Република Македонија, и пред сè Министерството за внатрешни, силно и посветено ја демонстрираше својата решителност во бескомпромисната борба против тероризмот. Инвестирањето во квалитативното подобрување на организационите, законските и технички капацитети за справување со овој вид закани е само дел од напорите кои ги вложувавме во таа насока.
Истовремено, ниту за малку не заостанувајќи во активното меѓународно партнерство и соработка во глобалната коалиција против тероризмот за што впрочем постојано добиваме признанија од нашите партнери од ЕУ и НАТО.
Таквиот светоглед дополнително аргументиран и со нашата јасно изразена политичка решителност и волја, останува еден од оние најважни национални, односно
државни приоритети кои се и во интерес на македонски интеграциски аспирации, но уште поважно во интерес на сите граѓани на Република Македонија.



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems