Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

БУНТОВНИШТВОТО И НЕГОВАТА МУТИРАЧКА ПРИРОДА ВО XXI ВЕК

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

Бунтовите се долготрајни форми на неконвенционално војување преку водење борба со нерегуларни воени сили и нелегални политички организации. Бидејќи бунтовничките сили имаат послаба воена моќ од државните владини безбедносни субјекти, бунтовите се карактеризираат со употреба на асиметрична војна како централна алатка за поткопување и соборување на власта. Инструментите на насилство кои се користат од страна на бунтовниците се движат од герилски операции, тероризам, саботажа, политички акции, психолошки операции и разузнавачки активности. Бунтовите се борба за власт и легитимитет, а нивната цел е уништување на моќта и легитимитетот на владата и во исто време преземање на истите под нивна контрола. И покрај тоа што вооружените напади врз владините институции се клучни за бунтовништвото, клучната битка се одвива во долгорочно освојување на „срцата и умовите“ на населението, како клучен фактор за победа и трансформација на општеството. (Bell, 2009: 15) Според Бард О′Нил, автор на „Бунтовништво и тероризам: во срцето на модерната револуционерна војна“, бунтовништвото е опишано како „свесно користење на политичките ресурси и насилството за уништување, реформулирање или одржување на легитимноста на еден или повеќе политички аспекти.(O'Neill, 1990: 13) Според анализите на ЦИА од 1980 – тите години, „бунтовништвото е долгорочна политичко–
воена активност, насочена кон остварување на целосна или делумна контрола врз ресурсите на државата, остварена преку употреба на недржавни воени сили и нелегални политички организации.“
Според „Водичот за анализата на бунтовништвото“ на ЦИА, се утврдени четири варијации на бунтови кои се разликуваат по својата типологија – политичко, воено, традиционално и урбано организирани. Клучните варијабли по кои може да се направи разлика помеѓу нив се идеологијата, мотивацијата, лидерството и нивното минато, организациската структура и оперативната стратегија. Според нивните аспирации, О′Нил издвојува неколку различни видови бунтовнички движења: − анархистичко, има далекусежни нереални цели. Тие бараат преку насилство и штрајкови, да се елиминираат сите институции на системот кои за нив се нелегитимни и непотребни;
− револуционерно бунтовништво или бунт за рамноправност, има за цел да наметне нов политички и општествен поредок на државата врз основа на систем на вредности. Раководството на овие движења формира централно контролиран апарат или организација, која го мобилизира народот за радикално да ја трансформира социјалната структура во рамките на постоечката политичка заедница;



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems