Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

БУНТОВНИШТВОТО И НЕГОВАТА МУТИРАЧКА ПРИРОДА ВО XXI ВЕК

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

− традиционално бунтовништво, има за цел фундаментална промена на политичкиот и општествениот поредок. Традиционалните бунтови често се идентификуваат како „национални“ и „ослободителни“. (Thomson, 2011: 2) Националните бунтови се организираат против власта и нивните разлики во идеологијата, етничката припадност, економската класа и останати политички прашања. Од друга страна, на ослободителните бунтовнички движења, цел им се елементите во државата кои ги перцепираат како окупатори. Како класични случаи на бунтовништво во XX век можеме да ги посочиме Виетнам, Малаја, Сомалија, Босна, Сиера Леоне, Конго, Колумбија и Косово. (Metz, 2000: 22);
− милениумски бунтовни, се движења кои не планираат да го заменат постоечкиот систем со нов или некој од минатите години, туку со режим кој постоел во  алечното минато и е со вкоренети врски со нивните предци и религијата.
Милениумските бунтови се света војна помеѓу силите на „доброто и злото“. Тие по обем се транснационални. Милениумските бунтови имаат многу заеднички елементи со револуционерните бунтови, а главна заедничка карактеристика им е почитта и посветеноста на идеологијата, како одраз на апсолутната вистина и правда. Радикалното исламско движење најчесто се идентификува како милениумски бунт. Најистакнати потомци кои денес се најактивни, се припадниците на Муслиманското братство кое е основано 1928 година од Хасан ал Бана и претставува глобално салафи џихад движење;
− плуралистички бунтови, чија цел е револуционерна трансформација на политичкиот систем, во кој се потенцирани вредностите на индивидуалните слободи, права и компромис;
− сецесионистички бунтови, претставуваат обид за отцепување од државата и воспоставување независна политичка заедница;
− реформистички и заштитнички бунтови, се помалку амбициозни во однос на нивните аспирации. Тие се стремат за правична распределба на политичките и економските добра на системот, а не за радикални преуредувања. За нив пожелно е да го задржат бунтот на статус–кво, бидејќи од таквиот статус очекуваат да произлезат релативни предности. (O'Neill B. 2005: 19-29) Врз основа на горенаведените фактори, можеме да заклучиме дека основни карактеристики на бунтовништвото се: 
− преземање на долготрајни политички и воени активности, насочени кон делумно или целосно стекнување контрола на територија на една држава;
− бунтовниците ги постигнуваат своите цели преку употреба на неконвенционални воени сили и нелегални политички организации;



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems