Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

БУНТОВНИШТВОТО И НЕГОВАТА МУТИРАЧКА ПРИРОДА ВО XXI ВЕК

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

за пропагандни и политички цели во војната против бунтовничките движења. Целта им била да се обезвредни угледот на движењето, да се прикаже нивната кауза како нелигитимна и да се прикажат нивните методи дека се надвор од законите на војната.
Како илустративен е примерот од 60-тите кога администрацијата на САД ги оквалификува бунтовниците на Виетконг за терористи (Winkler, 2006: 18).
Во 70-тите, голем број бунтовнички групи, во нивното дејствување се потпираат на терористички тактики. Како пример за тоа е бандата на Бадер Маинхоф – фракција на Црвената армија, италијанските Црвени брагади и јапонската Црвена армија. Тие немале посебна желба за да се воспостави масовно општествено движење, туку напротив, овие бунтовничко-терористички групи биле составени од мали ќелии на издвоени поединци вградени во општеството. Нивните клучни карактеристики биле:
− преку закани или употреба на насилство сееле страв за остварување на политички цели;
− терористичките акти биле дизајнирани да имаат застрашувачки психолошки ефект кој ќе се вкорени во пошироката публика;
− сè почеста цел биле недолжни цивили и останати субјекти кои според меѓународните норми имале статус на заштитени поединци и групи.
Според овие карактеристики можеме да забележиме дека постои разлика помеѓу терористичките и бунтовничките методи на дејствување. Важна разлика постои во поглед на целите и тактиките. Меѓутоа, бунтовничката употреба на насилство може да вклучува и терористички акти. Но, исто така, тие се потпираат на тактика на герилска војна, водена од неконвенционални мали единици, кои извршуваат напади против државните субјекти и безбедносните сили, за да ги вознемират и изморат, принудувајќи ги притоа да ги потрошат нивните ресурси.
Меѓународниот тероризам, кој се појави во 70-тите, беше инициран од „неидентификувани“ терористички групи, формирани од мали ќелии на отуѓени поединци во западното општество, а не од бунтовнички движења со определени остварливи цели. Иако, постоеле терористички групи кои својата дејност ја базираат на бунтовништво, како Палестинската ослободителна армија (PLA), која од страна на западните разузнавачките служби се смета за една од најважните и најопасните групи на Блискиот Исток, во западната народна култура, почетокот на тероризмот се поистоветува со неидентификуваните ќелии на радикализирани, нихилистички индивидуалци. Оттука, се појави нова парадигма која оттогаш има силно влијание во јавниот дискурс.
Во оваа широко прифатена концепција, која ја застапуваат многубројни претставници на законодавните институции и креатори на Западните политики, терористите се сметаат за нетипични, девијантни индивидуи, кои не се вклопуваат во



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems