Call for papers vol 9, no. 1, 2018 is open until 30 March 2018

БУНТОВНИШТВОТО И НЕГОВАТА МУТИРАЧКА ПРИРОДА ВО XXI ВЕК

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail

 

општеството. Терористите се криминалци, чии методи и цели се подеднакво неприфатливи. Тие применуваат насилство делумно за да го шокираат населението и владите, но и да извршат влијание врз нив, а бидејќи се психолошки или морално грешни (злобни) индивидуи со нив „нема преговарање“. Во оваа парадигма, тероризмот е првенствено проблем за спроведување на законот и оттука се применува приод базиран на случај, каде клучната цел е да се пронајдат и фатат оние кои ги извршиле терористичките напади.
Оваа парадигма има силно влијание врз приодот и водењето на „војната против тероризмот“ – бидејќи зборот „тероризам“ се содржи во неговиот наслов. Оттука произлегува дека примената на тероризмот како тактика е само една издвоена компонента од бунтовништвото, занемарувајќи ги другите аспекти на конфликтот.
Неуспехот во победа врз тероризмот и уништување на терористичките групи се доказ за неуспех на водењето „војна против тероризмот“. Меѓутоа, одговорот на Австралија на бомбардирањата во Бали во 2002 беше првенствено фокусиран врз „изведување на терористите пред правдата“ – оттука централната улога на безбедносните агенции беше ангажирање во приод базиран на случај, на легални докази.
Парадигмата за бунтовништво е сосема поинаква. Според овој приод бунтовниците се сметаат за претставници на прашања или проблеми кои се прифатливи во рамките на едно општество. Владите се стремат кон тоа да ги поразат бунтовниците првенствено преку „освојување на срцата и умот“ на широката популација, процес кој нужно честопати вклучува компромис и преговори. Методите на бунтовниците се сметаат за неприфатливи, но нивните проблеми честопати се сметаат за легитимни, доколку за нивно решавање се залагаат со мирољубиви средства.
Од горе наведеното произлегува дека парадигмата за бунтовништвото дава подобар ментален модел за тековните конфликти отколку што тоа го дава стереотипот
на тероризмот. Тековните акции во „војната против тероризмот“ се несразмерни, доколку се разгледуваат низ призма на парадигмата на тероризмот. Некои акции (како меѓународната соработка во доменот на спроведување на законот и акциите за спречување на финансирањето на тероризмот) прецизно се совпаѓаат со парадигмата на тероризмот, додека други (војната во Ирак и Авганистан, иницијативите против пролиферација, растечкото влијание во Централна Азија, задржувањето на Северна Кореја и Иран) се сомнителни и неповрзани со анти-терористичката агенда. Доколку се разгледува низ призмата на борба против бунтовништвото, овие акции сосема имаат смисла. Тие прецизно влегуваат во состав на трите текови од класичната борба против бунтовништвото - помирување, освојување на срцата и умот на граѓаните и спречување на создавање прибежиште и спонзорство од надвор.



Creative Commons License
Security Dialogues by Toni Mileski is licensed under a Creative Commons Attribution 3.0 Unported License.
Based on a work at sd.fzf.ukim.edu.mk.

Copyright © 2012 Security Dialogues. Designed by Cube Systems