БУНТОВНИШТВОТО И НЕГОВАТА МУТИРАЧКА ПРИРОДА ВО XXI ВЕК

Print

355.02(73):323.22(7/8) Scientific article
БУНТОВНИШТВОТО И НЕГОВАТА МУТИРАЧКА ПРИРОДА
ВО XXI ВЕК
INSURGENCY AND ITS MUTABLE NATURE IN THE 21 CENTURY
М-р Ненад Танески, Министерство за одбрана, Воена академија – Скопје,
This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it



АПСТРАКТ: Бунтовништвото како форма на конфликт денес и понатаму останува најголем предизвик со кој се соочуваат конвенционалните воени сили. Во
моментов САД се вовлечени во најдолгиот период од својата историја во кој изведуваат операции за одржување на мирот во Ирак и се соочуваат со хроничен бескраен бунт во Авганистан. Во поголемиот дел од Африка, Азија и Латинска Америка, активни се конфликти со бунтовнички предзнак. Проучувањето на бунтовите, анализирањето и доведувањето до успешен крај е од витално значење за воените стратези и политичари.
Националната стратегија за домашна безбедност на САД ја означува Ал Каеда, како „најголема непосредна и сериозна закана.“ И покрај недостатокот на консензус на прашањето што претставува тероризам, конвенционалните теории велат дека Ал Каеда е класична транснационална терористичка организација. Меѓутоа, последните проценки на воените аналитичари укажуваат на тоа дека постои голема веројатност ова движење да постигне глобални бунтовничко-револуционерни цели. Преку методолошка анализа на делувањето на Ал Каеда во овој труд ќе утврдиме дали разликата помеѓу бунтовништвото и тероризмот е само теоретска, исто како што справувањето со овие закани од страна на државните актери е сосема различно.
Клучни зборови: бунтовништво, тероризам, конфликт, противбунтовничка борба, Ал Каеда.

ABSTRACT: Insurgency as a form of conflict continuously remains as one of the biggest challenges for the conventional armed forces. At the present moment, the United States of America are being involved into the longest period of their military history by performing numerous peace-keeping operations in Iraq, while facing both chronic and seemingly endless rebellion in Afghanistan. There are several active conflicts with an indication of an insurgent revolt. The research of the insurgencies, as well as their detailed analysis and successful termination has a vital meaning for the war strategists and politicians, respectively. The American National Strategy for home security and safety flags Al Qaeda as the biggest immediate and severe threat. Despite the lack of consensual agreement upon the


 

question which aims to define the concept of the terrorism, the conventional theories claim Al Qaeda to be a classic trans-national terroristic organization. Yet, the latest analysis of the war strategists and analytics point out to the fact that there is a great possibility for this movement to achieve global revolutionarily rebellious goals. Throughout a thoroughly conducted methodological analysis of Al Qaeda’s actions within this paper, we will determine whether the difference between the insurgency and the terrorism is merely theoretical and whether it differs in the same manner as the combat of these threats conducted by the state officials.
Key words: Al Qaeda, conflict, counter-insurgency, insurgency, terrorism.

ВОВЕД
По преземањето на командата врз американските сили во Авганистан во 2010 година од страна на генерал Дејвид Петреус тој во еден говор кон своите војници изјави дека „ние сме тука да победиме.“ Меѓутоа што всушност значи победа во современа противбунтовничка кампања. Дали тоа подразбира уништување на бунтовничките групи во Авганистан, елиминирање на нивните лидери, изнаоѓање на некој вид на преговарачко решение или уништување на мрежата на глобално поврзаната терористичка група Ал Каеда? Поради неповрзаноста и разидувањето на политичката и воената стратегија во спроведувањето на противбунтовничките кампањи многу е тешко да се даде одговор на ова прашање.

БУНТОВНИШТВО – БОРБА ПОМЕЃУ СЛАБИТЕ И СИЛНИТЕ, КОНЦЕПТ И СТРУКТУРА
Денес како главни глобални безбедносни закани можеме да ги идентификуваме четирите типови на недржавни вооружени групи: бунтовници, терористи, милиции и криминални организации. Овие закани претставуваат директна стратешка опасност за нациите – држави во светот. Помеѓу овие вооружени групи постојат големи разлики.
Разбирањето на тие разлики е од суштинско значење за борба против секој од овие видови на вооружени групи.
Колку и да е стара војната, во исто време еволуирале бунтовништвото и неговите тактики. Без разлика на начинот на кој се одвиваат бунтовите, тие во суштина претставуваат вооружена борба против власта од една или повеќе групи кои не можат да ги постигнат своите политички цели со конвенционални методи ( Steven and Millen, 2004:2) .
Стратегиите разработени од страна на бунтовничките групи и организациски и оперативно се разликуваат од другите видови на недржавни вооружени групи.


 

Бунтовите се долготрајни форми на неконвенционално војување преку водење борба со нерегуларни воени сили и нелегални политички организации. Бидејќи бунтовничките сили имаат послаба воена моќ од државните владини безбедносни субјекти, бунтовите се карактеризираат со употреба на асиметрична војна како централна алатка за поткопување и соборување на власта. Инструментите на насилство кои се користат од страна на бунтовниците се движат од герилски операции, тероризам, саботажа, политички акции, психолошки операции и разузнавачки активности. Бунтовите се борба за власт и легитимитет, а нивната цел е уништување на моќта и легитимитетот на владата и во исто време преземање на истите под нивна контрола. И покрај тоа што вооружените напади врз владините институции се клучни за бунтовништвото, клучната битка се одвива во долгорочно освојување на „срцата и умовите“ на населението, како клучен фактор за победа и трансформација на општеството. (Bell, 2009: 15) Според Бард О′Нил, автор на „Бунтовништво и тероризам: во срцето на модерната револуционерна војна“, бунтовништвото е опишано како „свесно користење на политичките ресурси и насилството за уништување, реформулирање или одржување на легитимноста на еден или повеќе политички аспекти.(O'Neill, 1990: 13) Според анализите на ЦИА од 1980 – тите години, „бунтовништвото е долгорочна политичко–
воена активност, насочена кон остварување на целосна или делумна контрола врз ресурсите на државата, остварена преку употреба на недржавни воени сили и нелегални политички организации.“
Според „Водичот за анализата на бунтовништвото“ на ЦИА, се утврдени четири варијации на бунтови кои се разликуваат по својата типологија – политичко, воено, традиционално и урбано организирани. Клучните варијабли по кои може да се направи разлика помеѓу нив се идеологијата, мотивацијата, лидерството и нивното минато, организациската структура и оперативната стратегија. Според нивните аспирации, О′Нил издвојува неколку различни видови бунтовнички движења: − анархистичко, има далекусежни нереални цели. Тие бараат преку насилство и штрајкови, да се елиминираат сите институции на системот кои за нив се нелегитимни и непотребни;
− револуционерно бунтовништво или бунт за рамноправност, има за цел да наметне нов политички и општествен поредок на државата врз основа на систем на вредности. Раководството на овие движења формира централно контролиран апарат или организација, која го мобилизира народот за радикално да ја трансформира социјалната структура во рамките на постоечката политичка заедница;


 

− традиционално бунтовништво, има за цел фундаментална промена на политичкиот и општествениот поредок. Традиционалните бунтови често се идентификуваат како „национални“ и „ослободителни“. (Thomson, 2011: 2) Националните бунтови се организираат против власта и нивните разлики во идеологијата, етничката припадност, економската класа и останати политички прашања. Од друга страна, на ослободителните бунтовнички движења, цел им се елементите во државата кои ги перцепираат како окупатори. Како класични случаи на бунтовништво во XX век можеме да ги посочиме Виетнам, Малаја, Сомалија, Босна, Сиера Леоне, Конго, Колумбија и Косово. (Metz, 2000: 22);
− милениумски бунтовни, се движења кои не планираат да го заменат постоечкиот систем со нов или некој од минатите години, туку со режим кој постоел во  алечното минато и е со вкоренети врски со нивните предци и религијата.
Милениумските бунтови се света војна помеѓу силите на „доброто и злото“. Тие по обем се транснационални. Милениумските бунтови имаат многу заеднички елементи со револуционерните бунтови, а главна заедничка карактеристика им е почитта и посветеноста на идеологијата, како одраз на апсолутната вистина и правда. Радикалното исламско движење најчесто се идентификува како милениумски бунт. Најистакнати потомци кои денес се најактивни, се припадниците на Муслиманското братство кое е основано 1928 година од Хасан ал Бана и претставува глобално салафи џихад движење;
− плуралистички бунтови, чија цел е револуционерна трансформација на политичкиот систем, во кој се потенцирани вредностите на индивидуалните слободи, права и компромис;
− сецесионистички бунтови, претставуваат обид за отцепување од државата и воспоставување независна политичка заедница;
− реформистички и заштитнички бунтови, се помалку амбициозни во однос на нивните аспирации. Тие се стремат за правична распределба на политичките и економските добра на системот, а не за радикални преуредувања. За нив пожелно е да го задржат бунтот на статус–кво, бидејќи од таквиот статус очекуваат да произлезат релативни предности. (O'Neill B. 2005: 19-29) Врз основа на горенаведените фактори, можеме да заклучиме дека основни карактеристики на бунтовништвото се: 
− преземање на долготрајни политички и воени активности, насочени кон делумно или целосно стекнување контрола на територија на една држава;
− бунтовниците ги постигнуваат своите цели преку употреба на неконвенционални воени сили и нелегални политички организации;


 

− бунтовниците користат тактики кои се движат од герилски операции, тероризам, саботажа на политичка мобилизација, политичко делување, психолошки
операции, разузнавачки и контраразузнавачки активности. 
Секој од овие инструменти на бунтовништвото е дизајниран за да ја ослаби моќта и легитимноста на владината коалиција, а во исто време зголемување на моќта и легитимноста на бунтовничката група. Бунтовништвото може да се дефинира како „масовно движење кое се стреми да го собори status quo преку субверзија, политичка активност, востание, вооружен конфликт и тероризам“. По дефиниција, бунтовничките движења се „подмладоци“ на востанијата кои се стремат кон соборување на формираните влади или општествени структури. Сите тие се масовни востанија кои ги користат оружјата на послабите (субверзија, герила тактики, тероризам) против воспоставената моќ на државите и конвенционалните воени сили. Голем број од нив, вклучувајќи го и исламистичкиот џихад, ги земаат своите борци од редовите на сиромашните социо-економски групи, а нивното раководство – од отуѓените, радикализирани елити.

МУТИРАЧКА ПРИРОДА НА БУНТОВИТЕ ВО XXI – ОТ ВЕК
Во контекст на глобализацијата и на заживувањето на исламистичката идеологија, војните во Авганистан и Ирак ни илустрираат колку еволуирале карактеристиките на бунтовништвото во XXI век. Содржината на бунтовничката идеологија премина од марксизам во исламизам. Ова предизвика голем број  тратешки промени во бунтовништвото. Исламските бунтовници не бараат да се исполнат некои практични цели, туку исполнување на тоа што тие го сметаат за нивен верски повик.
Што се однесува до стратешките цели, некои исламистички групи сè уште се стремат за воведување „исламска држава“ што подразбира воена победа врз власта во државата, додека други се обидуваат да ја поткопаат власта и да се ослободат од странското присуство. Религиозните лидери се двигатели на политичка мобилизација. Исламизмот повикува на концептот на мачеништво и ветување на награди во животот по животот, што резултира со зголемување на самоубиствените напади како многу популарна бунтовничка тактика.
Идеологијата на транснационален радикален ислам која ги внесе бунтовите во XXI век, е изразувањето на незадоволството кон САД, во кои се гледа лидер и главен корисник на неправедниот и неизбалансираниот процес на глобализација.
Глобализацијата сама по себе го трансформираше лицето на бунтовите во последните неколку децении. Последиците од интернет револуцијата, овозможија


 

постоење глобална публика и брз начин за реклама на нивната кауза, привлекување на поддршка и создавање „виртуелно светилиште“ за бунтовниците ( Kilcullen, 2006: 3).
Бунтовниците можат да испраќаат видеа на киднапирани лица и извршување на убиства речиси моментално, а преку меѓународните мрежи можат да пренесуваат снимки од борбите во реално време. Интернетот се покажа како моќно средство за собирање средства и поддршка не само од локалната туку и од глобалната публика.
Оваа психолошка поддршка има големо влијание, бидејќи предизвикува привлекување на вниманието на медиумите и притоа непосредно ја зголемува публиката која е изложена на информирање, создава поголем број можни донатори и претставува дополнување и голема поддршка на бунтовничката мрежа.
Поради медиумите кои претставуваат глобален фактор, мали тактички напади можат да постигнат стратешки ефект. Затоа, на оперативно ниво, дифузните и автономни ќелии имаат тенденција да го заменат формалниот организациски Маоистички тип на бунтовнички организации. Ваквите бунтовнички формации се прилагодуваат на стратегијата на исцрпување и провокации и претставуваат главна карактеристика на бунтовништвото во XXI век. Влијанието на глобализацијата е очигледна во присуството на транснационален карактер на модерниот бунт. Директна соработка помеѓу бунтовничките движења е илустрирано преку мултинационалното присуство на Ал Каеда во Пакистан, Авганистан, Иран и Ирак. Во однос на техничкиот напредок, експлозивните направи кои за првпат се користеа во Чеченија, многу брзо се размножија во Ирак и Авганистан. Исто така, употребата на самоубиствени бомбашки напади како оружје значително се зголеми, дури и во местата каде што претходно не постоеа как


о воена тактика. Ова може да се препише на преголемата изложеност на глобалните медиумски мрежи, на бунтовнички групи кои традиционално ги користат овие тактики на самоубиствени бомбашки напади. Во минатото најзначајна компонента на бунтовите била нивната доминантна рурална компонента. Причината е јасна, бунтовниците морале да се кријат во руралните области за да преживеат. Денес е очигледна една нова мутирана рурално-урбана бунтовничка кампања. Класичната теорија за бунтовите како примарен го третира бунтот во руралните области, додека урбаниот бунт се смета како поддршка на изведената акција (Виетнам, Малаја или Ирската граѓанска војна). Бунтовничките кампањи во кои се вклучени урбани елементи се Аден, Алжир, Кипар и Палестина. Но, тие на крајот имале доминантна рурална компонента, бидејќи прикривањето е подобро и полесно во руралните области (Thompson, 1970: 21).
Но, денес оваа практика во случаите со Ирак и Авганистан е мутирана. Урбаната џунгла во Багдад и Кабул, со нивните забранети небезбедни области и секташки


 

сиромашни квартови, овозможуваат далеку полесно и подобро прикривање и маскирање отколку отворените пустини надвор од долините на реките Тигар и Еуфрат или населените пустини и шуми во Авганистан. Инцидентите во Авганистан и Ирак почесто се случуваат во урбаните центри со подметнување експлозивни направи и предизвикување многу цивилни жртви, отколку во приградските населби. Овие изведени терористички напади се со помал обем и краткорочни, исто како и во традиционалните бунтови, но во овој случај напаѓачите се вклопуваат во урбаната средина и секогаш се присутни на теренот. Медиумското присуство исто така е поголемо во градовите, дополнително разгорувајќи ја пропагандата за применетите тактики, предизвикувајќи страв и шок кај населението и  ротивничките сили. Како одговор на овие урбани напади, во немоќ, од страна на владините сили се преземаат традиционални противбунтовнички методи како блокирање и претрес на села, полициски час и контрола на намирници и храна. Во Ирак и Авганистан наидоа на остри критики, поради дополнително влошување на состојбата во урбаните средини и зголемента негативната пропаганда од страна на медиумите ( Williams, 2008: 396).
Интернетот, мобилната телефонија и телевизиската покриеност, им овозможува мрежна координација, при што од корен се менуваат бунтовничките тактики. Тајните весници, пиратски радио станици и плакати, се користат во руралните места, каде што нема мрежна покриеност на теренот. Модерните бунтовнички тактики масовно како тактика користат бомбашки, наместо традиционалните рурални заседи.
Импровизираните експлозивни направи (IED) и самоубиствените бомбашки напади ги заменуваат класичните напади кои се изведуваат со огнено оружје. Со оваа промена во тактиките намален е ризикот за жртви и не е потребен голем број борци за да се изведе акцијата.
Можеме да заклучиме дека денес бунтовите значително се разликуваат од оние во 60-тите. Примена на модерната технологија и преминување од рурално во урбано бунтовништво, тешко може да се сузбие со традиционални методи. Класичната противбунтовничка борба е неопходна, но не е доволна за успех против современите бунтови.

АЛ КАЕДА ПОМЕЃУ ТЕРОРИЗМОТ И БУНТОВНИШТВОТО – СПРОТИВСТАВЕНИ ПАРАДИГМИ
Доколку детално ги проучиме терористичките организации и бунтовничките движења ќе откриеме важни разлики помеѓу нив. Во 60-тите години „тероризмот“ се користел како погрден збор за да ги дискредитираат и делегитимизираат различните типови вооружени групи. Прекарот „терористички“ беше користен од страна на владите


 

за пропагандни и политички цели во војната против бунтовничките движења. Целта им била да се обезвредни угледот на движењето, да се прикаже нивната кауза како нелигитимна и да се прикажат нивните методи дека се надвор од законите на војната.
Како илустративен е примерот од 60-тите кога администрацијата на САД ги оквалификува бунтовниците на Виетконг за терористи (Winkler, 2006: 18).
Во 70-тите, голем број бунтовнички групи, во нивното дејствување се потпираат на терористички тактики. Како пример за тоа е бандата на Бадер Маинхоф – фракција на Црвената армија, италијанските Црвени брагади и јапонската Црвена армија. Тие немале посебна желба за да се воспостави масовно општествено движење, туку напротив, овие бунтовничко-терористички групи биле составени од мали ќелии на издвоени поединци вградени во општеството. Нивните клучни карактеристики биле:
− преку закани или употреба на насилство сееле страв за остварување на политички цели;
− терористичките акти биле дизајнирани да имаат застрашувачки психолошки ефект кој ќе се вкорени во пошироката публика;
− сè почеста цел биле недолжни цивили и останати субјекти кои според меѓународните норми имале статус на заштитени поединци и групи.
Според овие карактеристики можеме да забележиме дека постои разлика помеѓу терористичките и бунтовничките методи на дејствување. Важна разлика постои во поглед на целите и тактиките. Меѓутоа, бунтовничката употреба на насилство може да вклучува и терористички акти. Но, исто така, тие се потпираат на тактика на герилска војна, водена од неконвенционални мали единици, кои извршуваат напади против државните субјекти и безбедносните сили, за да ги вознемират и изморат, принудувајќи ги притоа да ги потрошат нивните ресурси.
Меѓународниот тероризам, кој се појави во 70-тите, беше инициран од „неидентификувани“ терористички групи, формирани од мали ќелии на отуѓени поединци во западното општество, а не од бунтовнички движења со определени остварливи цели. Иако, постоеле терористички групи кои својата дејност ја базираат на бунтовништво, како Палестинската ослободителна армија (PLA), која од страна на западните разузнавачките служби се смета за една од најважните и најопасните групи на Блискиот Исток, во западната народна култура, почетокот на тероризмот се поистоветува со неидентификуваните ќелии на радикализирани, нихилистички индивидуалци. Оттука, се појави нова парадигма која оттогаш има силно влијание во јавниот дискурс.
Во оваа широко прифатена концепција, која ја застапуваат многубројни претставници на законодавните институции и креатори на Западните политики, терористите се сметаат за нетипични, девијантни индивидуи, кои не се вклопуваат во


 

општеството. Терористите се криминалци, чии методи и цели се подеднакво неприфатливи. Тие применуваат насилство делумно за да го шокираат населението и владите, но и да извршат влијание врз нив, а бидејќи се психолошки или морално грешни (злобни) индивидуи со нив „нема преговарање“. Во оваа парадигма, тероризмот е првенствено проблем за спроведување на законот и оттука се применува приод базиран на случај, каде клучната цел е да се пронајдат и фатат оние кои ги извршиле терористичките напади.
Оваа парадигма има силно влијание врз приодот и водењето на „војната против тероризмот“ – бидејќи зборот „тероризам“ се содржи во неговиот наслов. Оттука произлегува дека примената на тероризмот како тактика е само една издвоена компонента од бунтовништвото, занемарувајќи ги другите аспекти на конфликтот.
Неуспехот во победа врз тероризмот и уништување на терористичките групи се доказ за неуспех на водењето „војна против тероризмот“. Меѓутоа, одговорот на Австралија на бомбардирањата во Бали во 2002 беше првенствено фокусиран врз „изведување на терористите пред правдата“ – оттука централната улога на безбедносните агенции беше ангажирање во приод базиран на случај, на легални докази.
Парадигмата за бунтовништво е сосема поинаква. Според овој приод бунтовниците се сметаат за претставници на прашања или проблеми кои се прифатливи во рамките на едно општество. Владите се стремат кон тоа да ги поразат бунтовниците првенствено преку „освојување на срцата и умот“ на широката популација, процес кој нужно честопати вклучува компромис и преговори. Методите на бунтовниците се сметаат за неприфатливи, но нивните проблеми честопати се сметаат за легитимни, доколку за нивно решавање се залагаат со мирољубиви средства.
Од горе наведеното произлегува дека парадигмата за бунтовништвото дава подобар ментален модел за тековните конфликти отколку што тоа го дава стереотипот
на тероризмот. Тековните акции во „војната против тероризмот“ се несразмерни, доколку се разгледуваат низ призма на парадигмата на тероризмот. Некои акции (како меѓународната соработка во доменот на спроведување на законот и акциите за спречување на финансирањето на тероризмот) прецизно се совпаѓаат со парадигмата на тероризмот, додека други (војната во Ирак и Авганистан, иницијативите против пролиферација, растечкото влијание во Централна Азија, задржувањето на Северна Кореја и Иран) се сомнителни и неповрзани со анти-терористичката агенда. Доколку се разгледува низ призмата на борба против бунтовништвото, овие акции сосема имаат смисла. Тие прецизно влегуваат во состав на трите текови од класичната борба против бунтовништвото - помирување, освојување на срцата и умот на граѓаните и спречување на создавање прибежиште и спонзорство од надвор.


 

Традиционално, бунтовите се внатрешни конфликти. Нивната цел е промена на власта во рамките на границите на една нација. Меѓутоа, нивните операции можат да преминат и на териториите на соседните држави, од каде што ќе добијат поголема поддршка отколку во рамките на сопствената територија. Преку анализа на Ал Каеда и нејзиното глобално дејствување, нејзините активности можеме да ги дефинираме како глобално бунтовништво. Концептот на глобален бунт, ќе го тестираме со истите принципи како традиционално бунтовништво.
Која е целта на бунтовите: промена на структурата на моќ, соборување влади, промена на општествен поредок? Која е целта на Ал Каеда?
Прво, групата е радикално сепаратистичка. Ал Каеда се стреми да го сочува и шири пуританскиот, строгиот фундаменталистички ислам со изолирање од модерната западна култура. Само со елиминирање на искушението на западните идеи, исламската заедница на верници може правилно да му служи на Алах. Во блиска иднина, ова би значело протерување на сето западно присуство од Арабија, што значи потреба од чистење на исламските земји од западното влијание. Строгиот исламски свет, дизајниран од Ал Каеда, неибежно ќе се најде во судир со западните идеи. Тоа значи дека ќе биде неизбежен судирот помеѓу сепаратистичката идеологија на Ал Каеда и современиот демократски поредок (Martin, 2002: 8-9). Ал Каеда сама по себе не се обидува да се оддели од одредена влада, таа се обидува да го оттргне и одвои исламот од западното политичко, верско и културно влијание. Ова секако претставува промена во структурата на глобалната светска моќ. Кој е мотивот на Ал Каеда?
Идеологијата е од клучна важност за опстанокот на еден бунт. Таа претставува инспирација за извршување на терористички напади. Во текот на неговиот живот Осама бин Ладен (а денес неговите заменици), многу јасно ја искажувал мотивацијата на групата, преку неговите декларации – фатви од 1996 и 1998 година за света војна – џихад. Во нив тој го искажува непријателството кон САД како верска должност, која ќе биде наградена од Бога (Mojica, 2007: 18). Постојат многу известувања кои ја откриваат идеологијата на групата. Еве некои од нив: 
− „ Јасно е дека Америка и Западот воопшто, премногу го мразат исламот и муслиманите што тоа не може да се опише. Нашиот тероризам е добро прифатен, бидејќи е против Америка, а со поразување на Америка ќе престане и поддршката за Израел кој ги убива нашите деца.“ (изјава на Бин Ладен октомври 2001)(Murdico. 2007: 61);
− „Поминаа три месеци од благословените напади против глобалните неверници, против Америка, шефот на неверниците, два месеци од почетокот на волшебната


 

крстоносна војна против исламот, овие настани се од особено значење за муслиманите“. (говор на Бин Ладен на 26.12.2001 година);
− „Правото за убивање Американци и нивни сојузници, цивили, војска, е индивидуална должност за секој муслиман кој може да го направи тоа, во било која земја, со цел да се ослободи џамијата Ал - Акса и Светата џамија од нивна окупација, а нивните војски да се протераат надвор од сите земји на исламот, да бидат поразени и да не можат да се закануваат на секој муслиман. Ова е во согласност со зборовите на Севишниот бог“.
Како Ал Каеда ги исполнува своите цели? Бунтовниците ги мобилизират своите ресурси. Тие организираат индиректни, неконвенционални, исцрпувачки напади со цел уривање на легитимитетот на власта, нејзината поддршка, принудувајќи ги на дефанзива. Бунтовниците се претопуваат во месното население, вешто се прикриваат на сигурни места, подготвувајќи и водејќи долготрајна, етапна кампања која се одвива во нивна корист. Ал Каеда има многу сличности во овој поглед. Следбениците на Осама бин Ладен, денес успешно ги мобилизираат сите оние кои се бесни на влијанието и присуството на Западот во исламскиот свет. Миграцијата на насилството кое го промовираше Осама бин Ладен, беше поттикнато од стационирање на американските трупи во Саудиска Арабија, најсветите места за исламот Мека и Медина, за време на Заливската војна. Многу млади исламски радикали ги напуштиле своите семејства, а често и удобниот и богат живот, за да ја посетуваат терористичката обука во камповите на Ал Каеда. Нивните напади не може да се каже дека во целост се нас чени против соборување на некоја влада, но дефинитивно се во насока на уништување на волјата на американскиот народ и вршење политички притисок за повлекување на западното присуство од регионот. Овие напади се многу значајни за зајакнување на каузата помеѓу следбениците на Ал Каеда. Во 1996 година Осама бин Ладен го цитираше инцидентот во Сомалија и ја докажа очигледната политичка слабост на САД – јавното мислење, кога еден убиен американски војник беше влечен по улиците на Могадишу, по што следеше и повлекувањето на американските војници од Сомалија и Руанда.
Терористичките напади кои ги организира Ал Каеда од воена гледна точка се неконвенционални. Од 1998 година па до денес Ал Каеда изврши голем број напади преку самоубиствени бомбашки напади изведени со авиони, автомобили, камиони, врз цркви, синагоги, конзулати, училишта и воени бази и бродови. Целта им варирала од лесни цивилни мети до високо обезбедени воени инсталации ( Schweitzer, 2010: 105-106).
Во периодот кога привидно мируваат и не се извршуваат напади, џихадистите на Ал Каеда се обучуваат и се организираат во оддалечени региони низ целиот свет. До


 

неодамна Авганистан беше светото место за обука, за подоцна камповите за обука да се дисперзираат во Пакистан и останатите држави на Блискиот Исток. Конечно, денес тие немаат потреба за криење и искористување на маскирните карактеристики на тешко пристапните терени. Тие денес се помешани во глобалната светска популација, живеат по домовите на европските метрополи и земаат часови за летање во училишта на крајбрежјето на Флорида. Останатите форми на надворешна поддршка која се состои од финансирање, разузнавачки информации, пристап, оружје и донации добиваат од државни и недржавни актери. Бунтовничкиот карактер на групата им овозможува флексибилност во изборот на место и време за извршување на напади. Тие се способни да извршат неколку континуирани напади, или да се кријат во неограничен период без никаква временска обврска за дејствување. Во еден регион од светот групата може да експанзира, додека во друг да тлее и да мирува.
Мрежата на Ал Каеда, центарот на гравитација во војната против тероризмот, претставува глобално движење, посветено на пан-исламската визија, група на чисти
исламски држави, ослободени од западното влијание во регионот на Блискиот Исток.
Нивниот начин на организација, неконвенционалната употреба на насилство, идеолошките мотиви и политичките цели имаат голема сличност со бунтовништвото, но на глобално ниво.

ЗАКЛУЧОК
Традиционалната остра поделба помеѓу тероризмот и бунтовништвото повеќе не е соодветна поради еволуција на истите и нивните вкрстени методи за постигнување на целта. Со сигурност можеме да констатираме дека глобализацијата во голема мера го олесни сплотувањето и вкрстувањето на тероризмот и бунтовништвото, со што е створена една сериозна комплексна безбедносна закана. Покрај тероризмот, од страна на западните експерти и бунтовништвото се смета како манифестација предизвикана од религиозен екстремизам. Очигледно е дека Ал Каеда претставува мешавина од основата во бунтовничките стратегии – масовна мобилизација и вооружено делување. Ал Каеда не го претставува тероризмот, туку бунтовништвото изразено преку Салафистичката теологија која допира до целиот муслимански свет и го промовира теророт. Тоа е движење кое практикува урбана верзија на војување, со активности кои по природа се повеќе воени отколку политички. Тие не практикуваат употреба на герилски групи базирани во руралните области кои водат систематска кампања за соборување на владите. Напротив, Ал Каеда има разработена рурално-урбана стратегија на насилство која паралелно се одвива врз цивилни цели и владини институции, создавајќи нестабилност и недоверба во политичката способност и волја кај своите непријатели.


 

Исламското бунтовништво не е нов феномен. Целите на ова движење се револуционерни и предвидуваат промена на општеството на религиозна основа, а владата по природа е автократска и контролирана од страна на свештеници. Исламистичката влада во Иран, Талибанците во Авганистан и Судан се идеален пример. Новата Салафистичка администрација строго би го спровела шеријатскиот закон и би ги блокирала воените и културните влијанија на Западот. Милитантната исламистичка идеологија, илустрира паралелна хиерархија позната како виртуелна држава, „дава“ (da'wa – долгорочна реисламизација и инфилтрација во општеството во секоја ќелија како начин за воспоставување политичка контрола). Со ова алтернативно општество се опфаќаат основните социјални програми, кои се наменети да докажат дека фундаменталната политика е успешна, а притоа ќе создадат масовна база на поддршка која подоцна ќе се претвори во политичка моќ. Тука спаѓаат исламските хуманитарни организации, невладини организации за помош, џамиите, медресите и болниците, преку кои се унапредува нивната идеологија и политичка идеја, за подоцна да преминат во масовно движење. Некои од факторите кои ја направија стратегијата на Мао ефикасна, се присутни и во „револуцијата“ на Ал Каеда. Клучниот фактор за масовната мобилизација на Ал Каеда е во верската основа на нејзината идеологија, обидувајќи се да создадат еден нов начин за остварување на целта. Исто така, масовните терористички напади негативно влијаат и ја поткопуваат стратегијата и политичките цели на Западните сојузници, масовно го мобилизираат муслиманскиот свет, генерираат нови регрути, пари, престиж, демонстрирајќи ги глобалните капацитети за еден нов вид насилство. Ал Каеда е една од стоте најсмртоносни исламски милитантни групи, формирани во последните 25 години. Опасноста која се наметнува произлегува од нејзината подготвеност за употреба на ОМУ, нејзиниот глобален дострел и најважно нејзината револуционерна и експанзионистичка идеологија. Големината на организацијата, нејзините политички цели, нејзините трајни врски со исламското фундаменталистичко социјално движење обезбедува силни докази дека Ал Каеда не е терористичка група, туку бунтовничко движење. Нејзина примарна стратегија се терористички акции и масовните мобилизациски техники кои го зајакнуваат нејзиното влијание и еластичност. Уникатни елементи во нивната методологија претставуваат транснационалните вмрежувања и коалиции со криминалните организации од мултиетнички состав.
Сите овие фактори заедно, претставуваат причина за справување со овој асиметричен непријател, на еден неконвенционален начин, преку водење една долга


 

неконвенционална војна, војна која ќе спречи оваа глобална исламска бунтовничка кампања да прерасне во војна помеѓу цивилизации.

LITERATURE:
1. BBC News, What tactics for new US commander in Afghanistan?, 5 July 2010,
достапно на http://www.bbc.co.uk/news/10506744 датум на пристапување 29.07.2012
година
2. Steven M. Raymond M. (2006) INSURGENCY AND COUNTERINSURGENCY IN
THE 21st CENTURY, Carlisle: Strategic Studies Institute.
NSIC, The National Strategy Information Center, достапно на
http://www.strategycenter.org/programs/adapting-americas-security-paradigm-andsecurity-
agenda/glossary-of-key-terms/ датум на пристапување 25.04.2012 година
3. Bell C. (2009) „War by Other Means: The Problem of Population and the
Civilianisation of Coalition Interventions“ , University of Bristol, Working Paper No 02.
4. O'Neill B.(1990) Insurgency & Terrorism: Inside Modern Revolutionary Warfare,
Elsevier Science & Technology Books, Washington.
5. Central Intelligence Agency, Guide to the Analysis of Insurgency, стр. 2. достапно
на http://www.fas.org/irp/cia/product/insurgency.pdf датум на пристапување 26.04.2012
година
6. Thomson W, (2011) „The Process of Islamic Radicalization in Intra-State Conflict:
Insurgent Grievance and Leadership in the First Chechen War and the Tajik Civil War“, Small
Wars Journal.
7. Steven M, (2000) „New Challenges and Old Concepts: Understanding 21st
Century Insurgency“, Parameters.
8.O'Neill B. (2005) Insurgency and Terrorism, Washington, Potomac book.
9. Kilcullen, D. (2006)„Counterinsurgency Redux“, International Institute for
Strategic Studies (IISS), Survival, 48, no. 4.
10. Thompson R. (1970) Revolutionary War in World Strategy 1945-1969, New York
Taplinger.
11. Williams P. (2008) Security Studies: An Introduction, New York, Taylor &
Francis.
12. Winkler C. (2006) In The Name Of Terrorism: Presidents On Political Violence In
The Post-world War II, New York, Era SUNY Press.
13. Middleton, D. (1983) P.L.O. RAIDS: DANGER SIGN FOR MIDEAST; Military
Analysis, New York Times; Foreign Desk, достапно на http://www.nytimes.com/1983/06/01/world/plo-raids-danger-sign-for-mideast-militaryanalysis.html датум на пристапување 03.05.2012 година

14. Martin J. (2002) Defeating Terrorism: Strategic Issue Analyses, Darby, DIANE
Publishing.
15. Mojica C. A., (2007) America and The Will of God, Bloomington, Xlibris
Corporation.
16. Murdico S. J. (2007) Osama Bin Laden, New York, The Rosen Publishing Group.
17. Osama bin Laden Excerpts - Al-Jazeera TV Broadcast, December 27, 2001,
достапно на http://www.september11news.com/OsamaSpeeches.htm датум на
пристапување 04.05.2012 година
18. Al Qaeda's Fatwa, NewsHour, Feb. 23, 1998, достапно на
http://www.pbs.org/newshour/terrorism/international/fatwa_1998.html датум на
пристапување 04.05.2012 година
19. Bethune B.(2007) „The ghost of a man I never knew“, Macleans.ca, August 27,
2007, достапно на
http://www.macleans.ca/culture/media/article.jsp?content=20070827_108289_108289
датум на пристапување 05.05.2012 година
20. Schweitzer Y. |(2010) „Al-Qaeda and Suicide Terrorism: Vision and Reality“,
Military and Strategic Affairs Volume 2, No. 2.